Семејните формули на Јана Р.

РОДИТЕЛСТВО ≠ БРАК 🙂

Познавам многу возрасни, кои за некое  дете ќе речат: „Има разведени родители“. Ама, ајде! Па родители не се разведуваат. Научете веќе еднаш! Брак се разведува! Непаметни едни големи!

-Се разведуваат меѓу себе, а не од нас. Не од децата!  Добрите родители може и да не се маж и жена. Да не се во брак! Како моите. Сѐ што сум, е затоа што се такви какви што се, а што има врска што не живеат заедно?  

РОДИТЕЛИ ≠ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО 🙂

 

– Верувам дека животот е супер, затоа што сум така   скроена, пола на мајка ми,  пола на татко ми! Супер и што ме научија за сè да зборувам и во секое време да си бидам свој адвокат!

                         ДЕТЕ = ПОЛА МАМА + ПОЛА ТАТО 🙂             

-Да, децата можат брзо да оздрават од семејниот земјотрес наречен РАЗВОД! Јас најдобро знам, затоа што тоа го доживеав и го преживеав – децата можат брзо да оздрават, особено ако имаат добри родители! А, родителството е ЗАСЕКОГАШ!

РОДИТЕЛСТВО = ЗАСЕКОГАШ 🙂

 

-Тоа сакам сите да го знаат, а како ќерка на математичарка, ќе запишам и со формула:

Сопруг  + Сопруга = Додека трае бракот

Мама + Тато = ЗАСЕКОГАШ 🙂

 

„Родители не се разведуваат“

Елизабета Петровиќ

Здружение за заштита на правата на децата ПОВРЗАНИ