Родителско отуѓување

Родителското отуѓување е збир на стратегии кои едниот родител ги користи за да ги поткопа и да се меша во односите на детето со другиот родител. Истражувањата откриле повеќе  стратегии на отуѓување, вклучувајќи: лошо зборување за другиот родител , ограничување контакти со него и  неговото семејството, бришење од животот и умот на детето (* забранување  фотографии од  родителот ),  создавање […]

Мирче

   Дојде во нашето одделение некаде на почетокот од второто полугодие. Мирче. Мирен, како неговото име. Со мирна, срамежлива насмевка. Сè на него беше многу мирно, освен неговиот поглед. Брзаше да го скрие, ако случајно сретнеше нечии очи. Веднаш сакавме да стане дел од нашето второ семејство. Не го остававме да седи сам, иако велеше дека тоа не му пречи.  […]

Инклузијa и илузија

„Сакав кусо да пишам. Мило ми е што Јована напредува и учи букви, учи самостојни работи и работни задачи кои ѝ ја зголемуваат самодовербата и важноста. Вежбаме во границите на нејзините можности. Вечер треба да ни ја прераскаже приказната за домашна… Сѐ е во ред. Времето е пред неа, само среќна да е!“ Соработка, споделување, реални очекувања, реализирање поставени цели, […]

Да ги отклучиме срцата и вратите!

Кога првиот ден од летниот распуст Теа и јас се враќавме од тренинг, место ко нормални тинајџерки да збориме за дечковци, се утепавме од филозофирање на тема развод. Зошто забегавме? Па, затоа што нејзините ѝ кажале дека ќе се разведат, ете затоа.  Кулминацијата се случи кога мојата другарка почна неконтролирано да зборува сè погласно, со што ѝ го осмисли животот […]

Од некаде мора да се почне

Разводот, во моето и во семејството на мојата најдобра другарка, е темата за која ќе пишувам. Да, знам дека не е нешто посебно атрактивна, ама решив да се решам. И решив да се изразувам најмногу што можам литературно, што можеби ќе ми биде потешко од тешката тема.  Од некаде мора да се почне и некој мора да почне да ги […]

Кога моите ми кажаа за разводот…

 …и двајцата беа поприлично вкочанети и ептен збунети. Не знам дали да напишам и скржави – еден сладолед да понудеа. Насетував дека нешто важно сакаат да ми кажат. Да, признавам, не знаев дека ќе ми биде толку тажно тоа нивно важно, ама… не можеш сѐ да знаеш. Особено не, во современо семејство како моето. Одевме и молчевме, молчевме и одевме. […]

Летен студ

…Следуваа најтешките денови за сите нас, ама ептен за јас, а ова јас не го кажувам само заради рима. Беше, тешко мене, со мене. Престудено во моето срце, претопло во мојот град! Страшен летен студ… Се будев со мислата дека само сум сонувала некој лош сон. Иако знаев дека моите се како куче и маче, не сакав да поверувам дека […]

Бура од чувства

…Значи, ете, му дадов можност на Владимир Ристевски, да ја скрати лекцијата по психологија што пробуваше да ми ја одржи заедно со неговата, сега веќе бивша љубов. Ама, мислам дека тој пребледе. Ме исплаши колку се исплаши. Почна да  ги повторува по петпати истите зборови и да прави огромни паузи, за да ми објасни дека не ја сака, ама ја […]

Децата можат брзо да оздрават

И, да, по некој ден повторно дојдовме крај водата со свој живот и нем сведок на туѓите животи. Ден од кој ја памтам секоја минутка…  Долго време само молчевме и одевме, одевме и молчевме.  –Среќа што градоначалникот направил волкава патека  крај  кејот, – си реков во еден миг самата на себе, за конечно да успеам да се насмеам самата во […]

Тајна, што не е тајна

Ееее, сега е моментот кога на миг морам мојата приказна да ја спојам со онаа паралелната, за која исто така ви раскажувам.  Со приказната на другарка ми Теа…  Се враќав од мојата вообичаена лична екскурзија и се возев од базен кон Неа Лисиче. На жештината се потеа стаклата, а зградите се редеа како египетски пирамиди. Вратата се отвори, па дваипол […]