Тајна (за среќа), чувана само 5 секунди

Значи, случката која следуваше по разделбата од шокираните родители на моите родители: …Како и вообичаено, со трчање и прескокнување по неколку скали одеднаш, се симнав пред зграда, поточно под сенките во паркчето. Да, оние сенки кои заменуваа спуштени ролетни, за сите деца  кои во моментот не беа на годишен одмор. Наеднаш, во главата ми се случи страшен дуел: -Да им […]

Секако дека морав да се погрижам за бабите и дедовците

Следното утро, само што ги отворив очите, не, само што ги отворив ушите, слушнав некаков пригушен глас. Некој се обидуваше да го почитува тоа што спијам. Кој?  Прво помислив дека е баба Бојана, а потоа ми заличи на баба Вера, ама всушност двапати сум била во право. Беа дојдени и двете.  Супер! Две чоколади одеднаш и плус уште некои интересни […]

Има такви наставнички

 … Осамна нашето прво утро без татко ми, но тој сепак дојде, за да ме однесе на тренинг. Додека се возевме, секако дека не му одговарав на обидите за разговор. Затоа пак, постојано си зборував во себе:-Се разведуваат. Се разведуваат. Се разведуваат… За среќа, случајно пред базенот, како и многупати дотогаш, ја сретнав мојата наставничка од прво до петто. Таа […]

А, што ако немав кума психолог?

Сте помислиле ли колку се важни сите психолози, педагози и слични професионалци кои и не знам точно како стручно се викаат.Тие се навистина  многу потребни, кога се случуваат „мали“ семејни драми кои се огромен товар за многу деца и возрасни. Среќа што ние ја имавме нашата кума Ана. Таа работи како психолог во училиште, а со современо семејство како моето, […]

Дружба со солзи

 И секако, тие наставнички, од своите одделенија прават втори семејства. Мојата Ивче, ми е другарка уште од прво, и затоа ми е моја, од моето второ семејство! За еден наш заеднички ден, во дневникот што тоа лето почнав да го пишувам, имам напишано неколку километри текст, затоа што… Не се објаснува тоа со неколку зборови, ќе морам да ви раскажам, […]

Дружба без солзи

Со солзи, или без нив, тоа, или ова лето, дружбата е ептен важна. Затоа, побарав помош од другар ми Данко и другар ми Пецко Кецко. Направивме необичен подвиг. Ја убедивме Теа да излезе. Имаше уште нешто необично – конечно пред нив кажа дека нејзините се разведуваат. Изјавата имаше и втор дел – ни рече дека ќе оди на одмор со […]

Родители и родители

За разлика од него, на Пецко Кецко тешко му се случуваат насмевки, сериозен е ко да ги решава најтешките проблеми во државава! Личи на исплашено стутулено детенце, иако е висок ко кошаркар. Вкочанет и успорен, со срамежлив темносин поглед, кој неверојатно брзо бега. Не знам дали е подгрбавен од огромната висина, или од онаа тежина што стално му тежи. И, […]

Приказната за Јана и зрната грашок

Да, моите такви какви што се, се сепак супер варијанта. Супер сум си и јас, веројатно затоа што одамна почнав да се навикнувам да множам со два, онака како што ме учеше мојата кума Ана. Наместо несреќно, укапирав дека е далеку подобро да учам да се чувствувам ПРИВИЛЕГИРАНО! Со множење заврши и нашата семејна приказна на иста адреса. Така почнавме […]

Пораки

Нормално дека не е културно да се прислушуваат туѓи телефонски разговори. И, нормално дека вие сте културни… ама претпоставувам и малку љубопитни. Еве, затоа…

Од грешките се учи

Познавам многу возрасни кои за некое дете ќе речат – Има разведени родители. Ама, ајде! Па родители не се разведуваат. Научете веќе еднаш! Брак се разведува! Непаметни едни големи! Па, затоа, ако случајно не сте дете и ако ,,по грешка“ го читавте сето ова, што да ви кажам – од грешките се учи. Учители можат да ви бидат сите деца […]