За Нас

Здружението на граѓани ПОВРЗАНИ е формирано со основна цел заштита и остварување на детските права. Веруваме дека возрасните се одговорни, на сите деца да им овозможат да бидат еднакви, слични и различни – еднакви по правата, слични по заедничките карактеристики и различни по индивидуалните посебности. Преку системски пристап креираме поттикнување, вклучување и поврзување ресурси од заедницата, во најдобар интерес на децата и од перспектива на децата.

Отвораме теми поврзани со семејното живеење кои се премолчуваат, или за кои се говори со говор на стереотипи, предрасуди и дискриминирање (развод, инклузија, адопција и др.). Им даваме поддршка на децата и родителите во превенирање и надминување состојби, кои го попречуваат здравото индивидуално и семејно функционирање.

Во здружението ПОВРЗАНИ членуваат семејни советници, професори, педагози, психолози, одделенски  наставници, новинари, фотографи, дефектолози, семејни и системски психотерапевти. Волонтираат средношколци и студенти.

  1. Билјана Николоска, претседател.
  2. Елизабета Петровиќ, заменик претседател. Дипломиран педагог, семеен и системски психотерапевт. Учесник и обучувач во проекти и обуки на невладиниот сектор, УНИЦЕФ, МОН и БРО.  Автор на стручна и литература за деца.