Жмурки

ЖМ = ЖМУРКИ

Пред што сè мижат возрасните, велејќи – Во најдобар интерес на детето?

Рецитирајќи – „за децата“, често правиме работи за возрасните и толерираме грешки на возрасните.  Има милион примери од кои можеме да видиме дека децата секојдневно се губитници затоа што се исполнуваат потреби, поточно желби на родителите, наставниците, трговците, политичарите… наместо потреби на децата.

Возрасните играат жмурки со вистината!

Потребна е нова етика – Најдобар интерес на детето, од перспектива на детето.